Пејачката и актерка Лејди Гага пред речиси четири месеци раскина со музичкиот агент Кристијан Карин, а за причините за разделбата не зборуваа. Се шпекулираше дека се вљубила во колегата од филмот „A Star Is Borm“, Бредли Купер, а гласините се зголемија после нивниот емотивен настап на Оскарите.
Таа негираше дека меѓу нив постои нешто повеќе од пријателство, а својот поранешен вереник не го споменуваше во медиумите. Сепак, сега таа тема ја допре на концертот во Лас Вегас.
Оскаровката, емотивната балада “Someone To Watch Me Over” ја најави, велејќи:
-Кога последен пат ја пеев оваа песна, имав прстен на мојата рака. Овој пат чувството ќе биде поразлично.