Стилкси прирачник: Парчиња облека кои визуелно ќе го стеснат вашиот струк
Ако не сте благословени со фигурата на песочен часовник, овие совети ќе ви бидат вредни како злато.
Дури и ако ја имате оваа посакувана силуета, можеби со погрешниот избор на облека не ја нагласувате, па затоа не изгледате женствено и секси, како што би изгледале со малку напор.
Следниве парчиња облека ќе го направат вашиот струк минијатурен.
Панталони и здолништа со висок крој
Панталоните со висок крој ќе направат да изгледате послабо, а здолништата поженствено. Тесното здолниште искомбинирајте го со предимензионална маица, а панталоните со тесна маица и по можност сако во иста боја.
Ремен за струк
Помалите ремени кои се наменети за носење на струк ќе ја трансформираат секоја ваша комбинација на облека и вашиот минијатурен струк ќе биде во главен фокус.
Панталони со вертикални линии
Покрај тоа што вашиот струк ќе изгледа потесно, вашите нозе ќе изгледаат потенки и подолги отколку што навистина се.
Фустан на преклоп
Овој популарен крој на фустан, речиси педесет години не изглегува од мода, а тоа не нѐ изненадува, бидејќи фустанот на преклоп го истакнува само најдоброто.