Суперпадови
11 јануари, 20190
Дали сакате да гледате манекенки кои паѓаат на модните писти? Ова е за вас!
Никогаш нема да ја разбереме човечката опсесија со гледање на видеа во кои некој паѓа. А сепак, ако го напишете зборот “fail” на пребарувачот Google, ќе добиете околу 365.000.000 резултати од кратки (или подолги) филмови во кои некој некаде и несреќно – паѓа.
Нема ништо лошо во тоа. Барем ние оптимистите така размислуваме во врска со ова. Во постојана потрага по смеа, добро расположение и real-life комедија, сите ние сакаме да гледаме некој во неволја (но секако со среќен крај).
Затоа, ние ви подготвивме точно 90 секунди од најдобрите падови на catwalks кои и ние моравме да ги погледнеме до крај.