Таа е новата девојка на Луис Хамилтон
Дали ви личи на поранешната девојка?
Синди Кимберли е убавицата која во 2015. година се најде во центарот на вниманието на сите оние кои го следат Џастин Бибер. Тој на неговиот Instagram профил објави нејзина слика и под неа напиша: „Боже, кој е ова“.
„Светското пребарување“ резултираше со следнво: Синди е бејбиситерка од Шпанија, чиј живот се промени од корен поради прашањето на еден од најголемите светски ѕвезди!
Од „анонимна“ бејбиситерка, таа стана барана манекенка низ целиот свет, а на Instagram ја следат речиси пет милиони луѓе!
А ја поврзуваат со шампионот од Формула 1, Луис Хамилтон.
Луис (34) и Синди (20) биле фотографирани додека излегувале од неговиот приватен авион во Барселона, а светските медиуми пренесуваат дека 14-годишни помладата убавица е неговата нова девојка.
Потсетете се на девојката која го полуде интернетот, а сега и Хамилтон!