Турбулентниот живот го доведе до работ: Charlie Sheen се откажа од алкохолот, а сега откри кој порок сеуште го има
Познатиот актер е познат по својот нездрав живот, скандалите и проблемите кои ги правеше.
Американскиот актер и комичар Чарли Шин веќе со години се бори со зависноста од алкохол и разни опојни средства и промискуитетен начин на живот. Сепак, по сите проблеми што сам ги создаде, Чарли очигледно одлучи да се смири и да живее нов начин на живот.
Позитивната промена може да се види и на лицето на 53-годишниот актер, што ја забележуваат и неговите фанови.
„Сето тоа мораше да заврши. Сега се чувствувам добро. Донесов одлука пред Нова година, но сѐуште морам да поработам на престанокот на пушењето цигари, тоа не е добро“, призна Чарли.
Тој со зависноста се бори од почетокот на 80-тите, а трезен е една година. Тој призна дека еден период од животот бил трезен цели 11 години, а повторно почнал да конзумира дрога во 2012. година, откако се покажало дека е ХИВ позитивен.
„Тоа го правев за да ја „угушам“ напнатоста со која се соочив и стравот од тоа во што ќе се претвори мојот живот. Само на тој начин можев да се справам со тоа. Многу се плашев и тоа влоши се“, изјави тој во една телевизиска емисија.