Уапсен е Конор Мекгрегор

popara12 март, 20191min00
konor 2

Му се налути на обожавателот кој се обиде да го фотографира.

Сè уште не стивна бурата околу нападот на „лудиот ирец“ врз автобус полн со борци, притвор и судење, а се појави нова вест за насилното однесување на Конор Мекгрегор.

Конор Мекгрегор е на одмор со своето семејство во Мајами, каде што синоќа отишол во еден популарн клуб. Околу пет часот наутро тој излегол во придружба на обезбедувањето, а обожавателите се собраа пред клубот, надевајќи се дека ќе го сликаат или ќе направат селфи. Конор тоа го изнервира, па на еден од нив му го зеде телефонот, поточно го удри по раката, а потоа неговиот телефон падна на земја. Видеото од безбедносните камери покажа дека Мекгрегор неколку пати го згазил телефонот, а потоа го подигнал и сакал да го земе со себе додека заминувал.

По инцидентот, некој ја повикал полицијата и Мекгрегор бил уапсен. Тој е обвинет за напад и грабеж, а потоа е ослободен со кауција од 12.500 долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma