Уште една „навреда“ за кралското семејство: Плановите на Меган Маркл за малиот Арчи нема да им се допаднат на Британците

17 мај, 20190
mmm

– Меган сака работите да ги прави по нејзино – изјави извор близок до кралското семејство за американскиот магазин US Weekly, објавувајќи ги промените кои Војвотката од Сасекс планира да ги воведе во британската монархија.

Досега, Меган во неколку наврати се спротивстави на строгите кралски правила на однесување, а според изворот, нејзината најнова одлука нема да им се допадне на Британците, а особено на кралицата Елизабета.

– Меган е многу силна жена која сака да ја модернизира британската монархија, што е една од причините зошто принцот Хари ја одби титулата за нивниот син Арчи. Таа и Хари сакаат нивниот син да води „нормален“ живот, вели изворот.

Очигледно, поранешната актерка планира да го воспитува својот син на „американски начин“.

„За Меган, многу е важно Aрчи да биде запознаен со нејзината семејна историја до истата мера што ќе дознае за неговите кралски предци”, рече изворот, додавајќи дека Меган планира да го однесе својот син во Лос Анџелес штом бебето ќе биде подготвено за таков долг лет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi