Во врска со 20 години помладо момче!

popara28 мај, 20191min00
helena-1

По бракот со познатиот режисер, актерката повторно е среќна во љубовта.

Актерката Хелена Бонам Картер се обиде да го скрие колку што е можно повеќе приватниот живот по разделбата од режисерот Тим Бартон во 2014 година.

Но, неодамна, папараците ја „фатија“ во Њујорк со 20 години помладо момче по име Даг Холмбо.

Британската актерка, која го прослави 53-от роденден пред некој ден, изгледаше „занесена од љубовта“ со писателот кој има 32 години.

Двајцата разменуваа бакнежи за време на прошетката и се држеа за раце.

Странските медиуми пишуваат дека Хелена започнала врска со овој помлад академик минатото лето откако го запознала на свадба кај нејзините пријатели.

„Сите мислеа дека тоа е минлива работа, но се чини дека баш се загреани еден за друг. Многумина беа изненадени дека Хелена најде некој помлад, но други не се толку изненадени бидејќи во нејзина природа е да прави неочекувани нешта“, изјави изворот за Mail.

Хелена беше во неконвенционална тринаесетгодишна врска со Бартон, а заедно имаат две деца – Били (15) и Нел (11).

Останаа добри пријатели и честопати поминуваат време заедно со децата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag