Возбудливо: Rihanna и Drake заедно на подиум, се разгореа старите емоции?!

1 март, 20190
riri

Беа во центарот на вниманието.

Еден од најмоќните парови во Hollywood, Beyoncé и Jay Z, организираа прослава по минатонеделното доделување на Оскарите, на која беа викнати некои од најголемите имиња на сегашноста, како Adel и Alex Rodriguez.

Покрај овие ѕвезди, на забавата се случи нешто неочекувано. Имено, на Rihanna и Drake, наводно, им се разгореа љубовните страсти за првпат откако во 2016. година се појавија гласините дека се забавуваат. Тие најголемиот дел од вечерта го поминале заедно на подиумот, каде што многу добро се забавувале.

Тие сосема случајно се сретнаa на скалите, а со оглед на тоа  дека и двајцата беа во група на заеднички пријатели, убаво си разговараа и беа многу љубезни еден кон друг.

„Тие беа многу расположени и немаше напнатост, убаво се дружеа и поминаа околу десет минути пред бањата разговарајќи “, објасни изворот.

Друг извор додаде дека нивнаото забавување на забавата било строго пријателскo и дека немало интерес за ништо повеќе, ниту од едната, ниту од другата страна.

Пејачката и раперот се запознаа во 2009. година, а до 2011. година ги следеа гласините за романтичната врска. Сепак, Rihanna потоа негираше сè, наведувајќи дека тие се само многу добри пријатели. Во текот на 2013. година, на Drake во емисијата на Ellen DeGeneres му беше поставено прашање за можна врска со Rihanna, на кое тој само се насмевна и рече: „одлична девојка, го имавме нашиот момент“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber