
Сара Џесика Паркер на Instagram сподели фотографија од еден сончев ден во Њујорк. Имено, актерката го фати моментот додека две момчиња без пардон се сончаа на тротоарот. Бидејќи ова е јавна површина, а не плажа или предвидено место за уживање на сонце, симпатичната сцена е овековечена и споделена на социјалната мрежа.
– „Плажа на тротоар. Ви благодарам Арон и на Зак “, напиша Паркер.
Сара се погрижи се да биде регуларно, па побара дозвола од момците за да ги фотографира, а од фановите на Instagram доби многу позитивни коментари.