10 најчудни видови на риби

popara9 август, 20202min00
ribi

Малку луѓе се интересираат за рибите, едноставно не им се вкусни како храна. Сепак рибите можат да бидат многу уникатни суштества со бизарни атрибути кои ги прават фасцинантни. За да ви дадеме претстава треба да погледнете надвор од менито на вашата маса.

1. SunFish

Оваа риба е многу уникатно суштество веројатно за какво досега не сте слушнале досега. Замислете го следното: sunfish е риба со најтешки коски на светот. Оваа чудна риба живее на тропски темеператури и е на постојана диета јадејки најчесто медузи.

2. Frogfish

На оваа уникатна риба дефинитивно и одговара името. Изгледа како комбинација од риба и жаба… Овие риби развиле перки кои ги користат како нозе и со кои се движат по океанското дно. Можат да ги менуваат боите во околните корали за да ги избегнат да станат ручек на предаторите. Исто така и изгледот на нивното чело е уникатен и служи да ја привлечат нивната храна.

3. Barreleye

Оваа риба веројатно најмногу од сите останати изгледа како нешто што би виделе на некоја друга планета. Изгледа како даживее на една од оние планетите во Star Trek. Главата на оваа риба е од крлушки кои се проѕирни и очи кои скоро постојано се вперени нагоре и заштитени се зо зеленкасти орбитести леќи. И да, секако дека можете да гледате низ главата на оваа риба.

4. Chimaera

Оваа риба можеби не е чудна по својот изглед но сепак е уникатна. Позната е како ајкула-дух бидејки е најблизок роднина на ајкулата од која се одвоила како вид пред повеќе од 400 милиони години. Ова ја прави филогенско сираче. Она што ја прави chimeras поразлична од ајкулата сексуален екстремитет на нивното чело кој се повлекува. Љубоморни?

5. JellyNose Fish

Разговорно кажано овие риби изгледаат најбизарно што може. Како вид ги има во многу мал број. Ги има покрај бреговите на континентите на длабочина од 1.300 – 2.300 стапки. Можат да им пораснат до шест долги нозе а нивното тело најголемиот дел е меко со многу малку мускули.

6. Leafy Sea Dragon

И покрај името, оваа риба никого не плаши. Попрво би кажале дека оваа рипче е баш симпатично со својата големина не повеќе од една стапка. Овие риби се во роднинска врска со морските коњчиња а името го добиле по својот изглед – перките во облик на ливчиња. Овие перки можат да ја менуваат бојата и да се втопат во околната средина.

7. ViperFish

Оваа риба не би сакале да ви застане на патот, не дека ке ви направи нешто, едноставно поради нејзиниот изглед кој престрашува. Оваа риба е вистински предатор користи светло кое се произведува на крајот од перкате со кое ги привлекува малите рипчиња кои стануваат плен.

8. Blobfish

Оваа уникатна риба која едноставно одвратно изгледа ретко се наоѓа. Причината за ова е што живее на длабочина каде притисокот е неколку десетици пати поголем од притисокот на површината. Ова ја прави тешка за посета и опсервација. Во основа најголемиот дел е од мека материја која сосема малку е погуста од густината на водата.

9. Hairy Angler

Оваа риба беше откриена од страна на филски екипаж на BBC кои работеа на The Blue Planet. Живее на 3.300 стапки под нивото на водата, што ја прави оваа риба да изгледа невидливо затоа што има црвена кожа а црвената светлина не пробива на длабочините на кои таа живее. Мажјаците и женките имаат многу интересен однос, бидејки мажјаците стануваат како еден вид на паразит на женките.

10. Paedocypris progenetica

Најмалата риба на светот која живее во Индоезиските мочуришта каде водата е со токав процент на киселост што научниците беа со мисла дека се ненаселени. Прашање е на време кога ќе почнат да дојдат по нас и да го населат и копното.

Ова е листата на десетте најбизарни риби откриени кои живеат на земјата, со предупредување дека длабочините на океаните, мочуриштата, или каде уште не, не се исражени и кријат уште толку многу во себе.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag