Кога ќе се присетиме на некои трендови често ни на нас самите не ни е јасно како ни се допаѓале. Но модната индустрија знае да не изненади кога ќе врати некои трндови за кои со сигурност сме мислеле дека ќе останат во минатото. Такви на пример се следниве 12 трендови кои се враќаат на голема врата:
Плава горе, доле црна
Ова фарбање им беше омилено на Кристина Агилера, Бритни Спирс и други модни икони од тоа време, но оваа техника почнаа да ја испробуваат многу сегашни ѕвезди.
Портокалов тен
И ова е еден од трендовите кои се врати, а најмногу го користи Кендал Џенер.
Ултра кратки шорцеви
Ако мислевте дека не може да е полошо од портокаловиот тен, сепак сте се излажале.
„Велкро“ сандали
Удобни и мултифункционални но сепак ни најмалку убави и женствени, но ете ова лето ќе ги гледате почесто.
Венчиња
Ќе бидат број еден аксесоар за коса некое време.
Винтиџ принтови
Ако ви се досадни монохроматските комбинации слободно извадете од плакарот некој стар фустан со принт и повторно ќе сте шик.
Широки панталони
Широките „раперски“ панталони повторни влегуваат во мода.
Француски маникир
Минатата година беќе година на црвената и на неутрелната боја на нокти, но класичниот и префинет француски маникир повторно е број 1.
Шишки на страна
Сепак ова е еден тренд на кој се радуваме бидејќи на кого не му стојат вакви шишки кои одговараат со секоја форма на лице.
Коцкасти очила
Од аксесоарите очилата со коцкаста форма повторно се во мода особвено ако стаклотот е со светла боја.
„Карго“ панталони со џебови
Ако можеша да се вратат „војничките“ панталони во мода зашто па да не и „карго“ .
Изразени прамени
Штом ги носи Џенипер Лопез тогаш сигурно се во мода повторно.