36-годишен Англичанец почина од прекумерена консумација на кофеин

popara3 јули, 20201min00
kofein

Лукаш Санделевски беше пронајден мртов во својата соба, откако неговата мајка се загрижи бидејќи не можеше да стапи во контакт со него. Во градот Питерборо, живеел со цимер и умрел од предозирање со кофеин. Форензиката тврди дека тој имал 282 микрограми кофеин на милилитар крв, а се над 80 микрограми може да биде опасно по живот.

Како што јавува LADBible, не е познато како Санделовски внел толку многу кофеин, но околу него биле пронајдени многу шишиња пијалоци и неред.

Не е потврдено дали Лукаш намерно трошел толку голема количина за да му стави крај на животот, или дали сето тоа се случило случајно.

Исто така, во неговото тело е пронајден 112 милиграм алкохол, но експертите велат дека тоа не е причината за неговата смрт. Тоа е едно ниво на интоксикација, но не и нешто опасно по живот.

А цимерот рече дека Санделевски синоќа се вратил дома од работа, се заклучил во просторијата и разговарал по телефон. Следниот ден, тој го најде мртов кога мајката на починатиот се јавила преку Фејсбук за да праша зошто нејзиниот син не одговара.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag