3D и автопортретите потврдиле дека Рафаел лежи во Пантеон!

popara11 август, 20201min00
рафаел

Ренесансата дала три големи уметници- Леонардо да Винчи, Микеланџело и Рафаело. Последниот, Рафаело Санти да Урбино починал пред повеќе од 500 години, на својот 37 роденден. Официјалната причина за смртта е повеќедневна треска, но познато е дека сликарот го сакал животот, па знаел многу да ужива во него. Така, многумина веруваат дека причина за смртта е сифилис. Или, заради воспаление на белите дробови кое го добил за време на зимата додека патувал кај својата љубовница.

Се прикажувал помлад

Пред смртта тој посакал да биде закопан во римскиот Пантеон. А бидејќи бил многу популарен сликар и имал политички врски, желбата му се остварила. Имал голем погреб. Во 1833 неговата гробница е дури и отворена. Моментот на отворањето на гробницата е забележан и на платно за да се утврди дали коските на сликарот се уште таму. Сега научниците со помош на компјутери направиле 3Д приказ на главата на Рафаело. Тврдат дека тој приказ може да се спореди со портретите на Рафаело и на тој начин да се докаже дали сликарот лежи онаму каде што е закопан.

Римските научници се апсолутно сигурни дека се работи за Рафаело иако дигиталната реплика на неговата глава не е 100% точна, туку само 80% бидејќи било невозможно да се реконструираат ушите на сликарот.

Следен чекор е да се утврди точната боја на косата и очите. За да се врати сликарот во стварност предвидена е уште една ексхумација која треба да се случи оваа година. Но пандемијата го продолжи престојот на сликарот за уште некое време. Уште еден проблем се појавил, а тоа е дека сликарот често во своите автопортрети се прикажувал помлад отколку што навистина бил.

“Ангели и демони”

Олеснителна околност била неговата вештина во која спаѓа чистотата на неговите цртежи, јаснотија на композицијата, ведрина на колоритот и непосредната човечка реализација на портретот. Неговите дела во најголем дел се сместени во Ватикан.

Во популарната култура е познат по филмот  “Ангели и демони”, за чија потреба е направена реплика на неговата гробница во природна големина. Во него главните ликови на филмот расправаат за тоа како Рафаел е сместен во Пантеонот дури во 1759 година па се прашуваат каде лежел до тогаш. И тоа е потполна фикција бидејќи сега е јасно дека по смртта во Пантеон е положен и таму лежел цело време. Освен таа една ексхумација во 1833 година, наскоро може ќе ја видиме и втората.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma