Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша вчера вечерта, на 24 мај, одржа онлајн концерт за паметење и досега невиден музички спектакл со што воодушеви скоро 100000 луѓе кои го следеа концертот преку Youbox апликацијата.
Карлеуша, спектакуларно и во свој стил, концертот го започна така што слета со хелихоптер, а потоа со црн џип пристигна до бината. Јелена по којзнае кој пат ги помести границите на нашите простори, но и пошироко, кога станува збор за сценскиот настап.
Дека и нема рамна кога се сценските костими во прашање, музичката ѕвезда успеа да докаже и овој пат со оглед на тоа дека само за еден час, таа промени дури 4 костими на сцената.
Јелена на почетокот заблеска со црн секси костим и високи црни лаковани чизми, а тоа што можеше да се забележи е дека никогаш не изгледала подобро.
Откако отпеа неколку свои хитови, на сцената и се придружија секси членките на популарниот бенд “Hurricane”, со кои Јелена испеаа еден свој но и еден нивен хит.
Спојот на четири прави бомби на сцената многумина го споредија со светски познатите девојки кои ја сочинуваат групата “The Pussycat Dolls”.
Карлеуша потоа се пресоблече и заблеска во нова блескава комбинација со долги ракави кои наликуваа на крила во момент кога Јелена ќе ги раширеше рацете. По неколку отпеани балади, таа ги соблече ракавите и комбинацијата изгледаше потполно поинаку.
На музичката ѕвезда, на сцената и се придружи една од моментално најпопуларните и најуспешни пејачки на младата генерација, Милица Павлович.
Двете лавици доминираа на сцената во идентични костими, а кога во дует ја запејаа “секси сињорита”, никој не можеше да одвои поглед од огнените девојки.
Дојде време Карлеуша да се пресоблече уште еднаш, оставајќи ја публиката занемена. Таа носеше црвен провиден комбинизон, а малиот детал кој го комлетираше нејзиниот изглед беа ракавиците со големи црвени канџи.
Јелена потоа го смени уште еднаш превозното средство, а овој пат еден од своите хитови го изведе на црвен мотор.
Својот музички спектакал го заврши пеејќи ги своите две дуетски песни, “Банкина” која ја испеа со Аца Лукац и песната “Те оставам” која ја снимила со бугарската ѕвезда Азис.