Експертите тврдат дека е можно да се достигне кулминација без „стандардна“ сексуална стимулација
Ако некогаш сте се запрашале дали е можно жените да доживеат оргазам без секс, па дури и без мастурбација, експертите се согласуваат: „Да, можно е“.
„Нашето тело е многу паметно, и ако веруваме во тоа, можеме да доживееме големо изненадување“, тврди сексуалниот наставник Лола Џин.
Овие начини да се достигне врв не се конвенционални, но научниците тврдат дека секој од нив е документиран и можен.
Во сон
„Влажните соништа“ не се само за мажи, туку и за жени. По интензивен еротски сон, можно е да се достигне кулминација, и сè се случува во фазата кога нашите сетила се најактивни. Крвта се движи брзо, вклучувајќи ги и гениталиите, а кај жените ова може да предизвика иритација на клиторисот.
Во мислите
Иако звучи чудно, д-р Бери Камисарук тврди дека е навистина можно да се донесете себеси до оргазам со мисли за секс, особено кога сте под сексуална напнатост. Тој додава дека ритмичката контракција на карличните мускули, како и длабокото дишење може да помогнат.
Јога
Покрај длабокото дишење и релаксација на карлицата, јогата ги активира и мускулите што ја опкружуваат, што може да доведе до стимулација на Г-точкатаа и оргазам.
Стимулација на папокот
Веројатно најчудната техника, но истражувањата спроведени од универзитетот Рутгерс покажуваат дека стимулирање на вагусниот нерв (кој ги поврзува мозокот и грлото на матката) што минува низ папокот може да доведе до врвот, која, оние што ја искусиле, го опишуваат како моќен оргазам во кој се чувствува целото тело.