40% од луѓето барем еднаш биле во врска со колега од работа!

17 јуни, 20200
Annotation 2020-06-17 222003

А еве кои кои се ситуациите тоа најверојатно да се случи…

Бил и Мелинда Гејтс, Мишел и Барак Обама се само некои од многуте моќни двојки кои се запознале токму на работа, но секако, сите канцелариски афери не завршуваат со брак. Напротив, многу повеќе ги има оние за кои завршуваат со мачно ќутење во канцеларискиот лифт или со жестоки кавги во тоалетот. Како и да е, канцелариските афери се очигледно привлечни бидејќи 39% од вработените признале дека завршиле во кревет со некој колега.

12% од нив заискриле штом се сретнале надвор од работното место, 12% се сплеткале на after work забавата, 12% додека работеле прекувремено, а 11% во текот на паузата за ручек.  

Истражувањата покажаа и дека шансите да завршите во сериозна врска со некој со кој сте се сплеткале на Божиќната забава на својата фирма се доста помали. Тие се познати како опасни бидејќи влијанието на доброто расположение и алкохолот на сите им ги олабавуваат кочниците и ги поттикнуваат да го прават она што инаку не би сакале. Дури 44% од момците признале дека се сплеткале со колешка од работа, а 25% од девојките откриле дека на Божиќната забава им се додворувал поднапиениот шеф. Ве привлекува ли некој од колегите, еве и неколку лоши страни на таквиот однос:

Добри страни:

1. Можете да зборувате за работата со некој кој навистина ве разбира.

2. Делите бензин (ако живеете заедно).

3. Тука сте еден за друг ако некој се соочува со кризна ситуација на работа.

4. Можете да се бакнувате со своето момче во текот на работното време (за што служат паузите за ручек!?).

5. Ќе ги заштедите парите кои инаку не би ги потрошиле на пораки и повици.

Лоши страни:

1. Премногу ќе зборувате за работата, дури и во слободното време бидејќи тој ве разбира.

2. Ќе му бидете на пик на шефот или шефицата кој стално ќе се сомнева дека не сте на состанок туку се бакнувате со дечкото позади зградата.

3. Колегите ќе сметаат дека еден на друг премногу си држите страна и затоа сте престанале да бидете професионални.

4. Ќе полудите од љубомора кога во неговиот оддел ќе стигне нова презгодна колешка која седи на бирото веднаш до вашето момче.  

5. Ќе ви биде многу тешко да го гледате секој ден, во случај да раскинете.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *