Младите момчиња од 4U Band од Кавадарци денеска ја објавија нивната прва авторска песна и видео запис, насловена како „Дај Замижи“.
Се работи за тројца млади момчиња Борис Илов – гитара и вокал, Борис Грков – гитара и Оливер Миленковски – кахон.
Тие досега само преработуваа песни, а денес веќе ја објавија својата прва авторска песна која може да ја слушнете во продолжение.
Во иднина најавуваат многу авторски песни.