Порано електричните автомобили изгледаа како пластични играчки и сите ги исмејуваа и поради своите перформанси. Дури и Сајнфилд во една епизода од исто имената серија имаше ситуација да седне во електричен автомобил и кога го уклучи радиото автомобилот изгасна бидејќи тоа ја исцица цела струја.
Но сето тоа се промени и сега електричните автомобили имаат свој пазар, километражата е завидна, полесно се полни а постојат и супер полначи кои го забрзуваат процесот. Се уште е тешко да се замисли дека за брзо време би ги претркале „обичните“ автомобили но која се гледа на подолг план тоа може да се промени особено што сега квалитетот на електричните автомобил е и драстично подобрен и се попривлечни како овие 5 модели.
Mini Electric
Батеријата на Mini Electric не е од најјаките, со ено полнење можете да поминете одколу 200 км па ќе треба добро да го испланирате вачето патување. Има и неколку дизајнерски специфики кои искрено не ни се допаѓаат но и понатака е едене од најсимпатичните мали автомобили на светот и можеш да уживаш во Марио карт искуството низ улиците.
Volkswagen ID.3
Имас скоро иста големина како Golf-от, целосно е електричен, атрактивен дизајн карактеристичен за брендот. Неговата стартна цена е околу 30 000 евра, а претставува важен дел за компанијата Volkswagen бидејќи на неговите модуларни платформи се базира идната фаза на компанијата за развој и производство на електричните автомобили.
Nissan Leaf
Ако сакате фамилијарен електричен автомобил со солидни перформанси и батерија тогаш Nissan Leaf е автомобилот за вас. Во минатото имаа проблеми со со километражата па не беа сериозни конкуренти. Но сега новите батерии, едната од 40 kWh и 62 kWh можете да поминете 360 км што до пред некоја година ова звучеше невозможно. Внатрешниот дизајн и технологијата за помош при возењето во главно е додатен плус.
Tesla Model S
Дали се исплати да чекате на наредниот модел? Тоа само вие го знаете но Елон знае што прави барем во однос на Tesla . А тоа е управување без раце – барем во некои делови од светот, а наскоро и пошироко. Ова е висока класа на електрични автомобили, а она што е вредно да се напомене е дека ако не беше Tesla и моделот Ѕ немаше да ги има европските и азиските електрични автомобили кои пробуваат да го стигнат првенецот.
Porsche Taycan
Porsche одлучи да ги симне Tesla од тронот на електични автомобили, а ако нас не прашувате, во тоа и успеаа, но сепак ние сме момчиња кои пораснаа со Need for Speed Porsche Unleashed. Постигнува 100 км на час за 2.8 секунди што го прави уникатен. Има и поефтини верзии со погон на задните тркала но за нив ќе треба да се почека. Основната цена е 90 000 евра – исто како и Tesla моделот Ѕ, но Porsche си е Пorsche. Совршенството си има цена.