6 начини како да го забрзате растот на косата: Јака и мека коса која расте со голема брзина

20 јуни, 20200
221423_shutterstock-330100283_ls

Кај повеќето луѓе, косата расте 1,5 см секој месец, или 0,35 мм секој ден.

Во лето, косата расте побрзо отколку во зима. Некои луѓе имаат поголем раст на косата во текот на денот отколку во текот на ноќта. Она што го прават девојките, за да го стимулираат растот на косата, се докажани народни лекови.

Предлагаме 6 начини за забрзан раст на косата:

Алое

Преполовете го листот од алое и исцедете го сокот. Тријте ја течноста во кружни движења во коренот на косата. Овој сок ќе навлезе во структурата на косата, подобрувајќи ја циркулацијата на крвта. Доколку е можно, држете го овој сок на главата колку што е можно подолго (од 2 часа до 8 часа), а потоа исплакнете го на вообичаен начин.

Јаболков оцет

По вообичаеното миење на косата, користете јаболков оцет наместо мелем. Не исплакнувајте ја косата, туку оставете го вишокот на течноста да се исуши самостојно.

Белки од јајца

Изматете ги белците од јајцата, а потоа нанесете ја смесата н косата. Ставете ќеса за туширање или капа на главата и оставете ги белците од јајцта да дејствуваат 40 минути. Потоа исплакнете ја косата.

Коњак

Изматете 1 чаша коњак и две јајца. Додадете неколку капки маслиново масло и нанесете сè на косата, почнувајќи од коренот до врвот на косата. Оставете ја маската на околу еден час, а потоа измијте ја и исушете ја косата.

Лимон

Измешајте сок од половина кромид, сок од 1 лимон, жолчки од јајца и лажица маслиново масло. Промешајте сè и загревајте на пареа. Нанесете ја топлата смеса на косата по целата нејзина должина. Исплакнете по еден час.

Цимет

Измешајте 2 лажици цимет со 4 лажици глина. Додадете неколку капки растително масло и нанесете на косата. Оставете околу половина час. Исплакнете со шампон.

Резултатите ќе бидат видливи само по еден месец редовна употреба. Може да нанесувате една од овие маски за коса 2 до 3 пати неделно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi