Мртвото Море, Морето на Смртта и Лотoвото море се имињата на соленото езеро помеѓу Јордан и Израел, кое може да се пофали со соленост од дури 33 проценти.
1. Мртвото море е најголемата светска депресија. Ова солено езеро се наоѓа на четиристотини метри под површината на светското море на Блискиот исток помеѓу Јордан и Израел. Длабоко е околу четиристотини метри.
2. Нивото на водата во Мртвото Море не се искачува бидејќи е опкружено со пустинска клима со температура од 40 степени Целзиусови во летните месеци што доведува до големо испарување. Од друга страна, дождовите се многу ретки во областа.
3. Соленоста во мртвото море е околу 33 проценти. За споредба, Средоземното Море има само 3 проценти содржина на сол. И покрај ова, Мртвото Море не е најсоленото езеро во светот. Тоа е посолено од езерото Асал во Источна Африка (35% сол) и Дон Хуан на Антарктикот (соленост од 40 проценти).
4. Поради високиот процент на сол, условите за живот се многу сурови во Мртвото Море. Само ретки микроорганизми како што се анаеробни бактерии можат да преживеат во оваа вода.
5. Солта и минералите во вода се исклучително корисни за здравјето, така што не е изненадувачки што од времето на Херод Први Велики, луѓето кои страдаат од псоријаза и други кожни заболувања, како што се остеопороза и артритис, доаѓаат да се лекуваат.
6. Поради високиот процент на сол, водата е многу густа и го оневозможува пливањето, а никој не може да потоне. Но, тоа не значи дека ова место не е опасно.
Службата за спасување редовно ги предупредува туристите да не пијат вода од езерото затоа што поголемите количини можат да го нарушат балансот на електролити во организмот и да доведат до нарушување на неколку органи. Во Мртвото Море, нуркање и скокање во водата е забрането за да се избегне контакт на сол со очите.
7. Лековитата кал од мртвото море ја користеле античките Египќани за да ги балсамираат мумиите.