На сите нас ни се случило да по напорите што ги вложивме да се нашминкаме убаво за лицето да ни светне во полна светлина, тоа не се излегува баш така. И се прашуваме каде погрешивме, а ни се чини дека сторивме сè „според протоколот“. Ние ќе ви ги откриеме најчестите грешки што ги правиме, а кои придонесуваат да изгледате вештачки, агресивно или дури и постаро.
1. Погрешен избор на пудра. Пудрата треба да биде во иста боја со вашиот тен, ниту посветла, ниту потемна. Во спротивно, ќе изгледате неприродно и вештачки. Целта на пудрата е да ги прикрие несовршеностите на лицето, но исто така е основа за шминката.
Кога купувате пудра, најдобро е да ја ставите на вратот и да размачкате, доколку не остави трага, тоа значи дека сте ја одбрале вистинската нијанса. Умереноста е клучна, премногу пудра за лице изгледа грдо.
2. Ставање бронзер на целото лице. Бронзерот служи да му даде на лицето свежина, да го обликува и да ги истакне неговите најубави делови, како што се образите или визуелно стеснување на носот… Се нанесува на Т-зоната и образите, никогаш на целото лице, исто како и илуминаторот.
3. Нанесувате коректор пред пудра. Овој магичен производ кој ги брише несаканите несовршености се нанесува по пудрата, сенката за очи и маскарата.
4. Носите цел спектар на бои на очните капаци. Во текот на денот, една боја на очите е доволна, и тоа невпечатлива. За навечер, можете да експериментирате, но дозволени се три нијанси на сенка одеднаш – средна нијанса на очните капаци, малку посветла за подрачјето под веѓите и најтемното каде го ставате ајланот.
5. Ајлајнерот боде очи. И не само твоето, туку и оној што те гледа. Овој магичен производ може да ги потенцира очите на убав начин, ако правилно го нанесеме, но и да ги направи помали отколку што се, ако го сториме тоа погрешно. Нанесете го исклучиво на горниот капак, никогаш под окото, особено ако очите ви се мали. Истото важи и за моливот.
Ајлајнерот или моливот секогаш се нанесува пред маскарата. Линијата над окото треба да оди нагоре, никогаш не надолу, за да не се постигне ефект на тажен изглед. Најдобро е да го користите навечер, никогаш во текот на денот.
6. Неприродните веѓи можат да анулираат сè што ќе направивте добро со тоа што ќе нанесете шминка на лицето. Премногу откорнати веѓи, исто како и премногу исполнети со молив или агресивно тетовирани, ќе придонесат да изгледате неприродно и да го расипете целосниот впечаток на шминката на лицето.
7. Претерување со производи за осветлување. Сјајните честички сè повеќе се наоѓаат во разни козметички производи, кои можат да придонесат да изгледаме посвежи и помлади, што ќе го постигнеме ако не претеруваме со применетата количина и го направиме тоа на целните места: образите, под очите, помеѓу коренот на носот и очите.
8. Нијансата на карминот не е во согласност со тенот. Бојата на кармин мора да биде во согласност со тенот, полноста на усните, како и во согласност со тоа дали сакаме да ги истакнеме очите или усните.
Имено, ако сте ги истакнале очите со силна шминка, ставете nude кармин на усните и обратно. Ако ставите само молив за очи и маскара, усните може да бидат обоени во светла боја. Доколку усните ви се тенки, избегнувајте темни и мат нијанси, бидејќи во тој случај усните ќе изгледаат уште помали.
9. Ги исцртувате усните. Избегнувајте молив за усни ако не сте ја совладале оваа техника. Моливот се нанесува веднаш над линијата на усните, а неговата боја мора да биде идентична со карминот што го ставате. Пред да ги нацртате усните, секогаш нанесувајте малку пудра.