Излегоа и официјални бројки, за број на заразени лица на еден милион население. Се разбира дека Македонија не е меѓу последните- напротив. Со Словенија сме веднаш зад Србија.
Но не би биле и втори доколку тестиравме исто толку колку што во Србија се тестира последниве недели.
Па да се прашаме: дали сите во државата си ја вршат својата работа како што е планирано, или само ние послушните граѓани , изолирани и без бел ден виделина не видени, сме единствените во државата што заедно со полицијата си ја завршуваме зададената задача.
Да видиме што ќе каже сега владата на последнава статистика.