Ниту една врска не е совршена. Кавги и несогласувања има дури и во најхармоничните врски.
Сепак, не се сите кавги здрави, особено кога партнерот ви упатува критики кои имаат негативно влијание на вашиот однос и на вас лично.
Овие критики треба да го вклучат алармот дека партнерот сака да манипулира со вас.
Изглед
Критикувањето на физичкиот изглед на партнерот или партнерката не е воопшто пожелно.
Семејство
Ако сте во врска со партнер кој го критикува вашето семејство, тогаш треба да размислите како се чувствувате заради тоа и каков ефект имаат коментарите врз вас.
Карактеристики
Не можете да го промените начинот на кој сте воспитани и животните искуства кои ве обликувале во личност каква што сте денес. Кога ќе сфатите дека не сакате да се видите или слушнете со партнерот затоа што ве критикува, тогаш време е да промените нешто.
Кариера
Доколку вашиот партнер ве понижува заради кариерата, без разлика дали сака да сте побогати или не ја поддржува вашата работа, тоа е исто така знак за тревога.
Најлошо е ако парнерот ви кажува дека не сте доволно успешни и дека не заработувате доволно средства за неговите потреби.