Актерката има траума за цел живот, а за сѐ е виновна нејзината мајка

popara3 јуни, 20202min00
5880090_gettyimages3142141-2_ff

Холивудската актерка Брук Шилдс го прослави својот 55 роденден, а зад себе има многу бурен живот, бидејќи уште од мали нозе е дел од суровиот шоубизнис, и сето тоа „благодарение„ на нејзината мајка.

Воедно кога актерката имала само 10 години мајка и, Тери Шилдс ја внела во „модниот свет“ и дозволива да ја фотографираат гола. Фотографијата на тогаш малата Брук и ден денес кружи по интернетот и се користи како пример за една од најголемите злоупотреби на деца на сите времиња.

Авторот на оваа срамна фотографија е американецот Гери Грос, моден фотограф кој специјализирал за портрети на кучиња. Тој во 1975 година фотографирал колекција на фотографии која станала најконтраверзна колекција во историјата.

Во тоа време Грос работел на проектот наречен „Жената во детето“ со кој сакал да ја открие женственоста кај предпубертетските девојчиња споредувајќи ги со возрасни жени. Серијалот прво би објавен во магазинот „Мали жени“, а потоа во „Sugar and spice, една од публикациите во сопственост на „Playboy“.

Брук во 1981 година, се обидела да го спречи користењето на овие фотографии, но американскиот суд и одредил дека таа е врзана под условите на договорот и што е уште пошокантно, судот одредил дека сликите не го кршат законот за детска порнографија. Правата на овие фотографии во 1992 година ги откупил американскиот уметник Ричард Принс, кој ја репродуцирал сцената и ја нарекол „Духовна Америка“.

Во 1999 година неговата верзија е продадена за 151 000 долари, а во 2009 година фотографијата е тргната од Модерната галерија Тејт во Лондон, каде стоела цела деценија за јавноста да може да ја види.

  • Фотографијата е шокантна откога е направена, а тоа и ми беше намерата – изјавил Гери Гроз кој во 2010 година починал од срцев напад.

Ова сепак не е единственото негативно искуство со кое Брус се соочила, таа на свои 13 години глумела и во филмот „Pretty Baby“ каде ја играла улогата на детска проститутка, а поради одредени сцени во филмот јавноста остро ја осудила и критикувала нејзината мајка. На никому не му било јасно како можела да дозволи нејзината малолетна керќа да се појави во таква улога, а при тоа да е свесна за што се работи.

Години подоцна актерката признала дека има трауми поради се она што и се случувало во детството, иако не била тогаш свесна на ризиците. Таа неколку пати се навраќала и на турбулентниот однос кој го имала со својата мајка, која имала проблем со алкохолот и често донесувала непромислени одлуки, но Брук сепак вели дека била заштитнички настроена.

„Кога и да некој ме погледнеше таа ќе му речеше – Ќе ти ги отсечам *** и ќе те натерам да ги изедеш“ – рекла Брук своевремено.

Овој скандал сепак не ја спречил Брук да стане една од најпознатите холивудски ѕвезди на чија убавина и се воодушевувал целиот свет особено после улогата во филмот “Blue Lagoon“ кој и ја прослави.

Таа сепак горките спомени и искуства ги оставила зад себе, и денес е горда мајка на две ќерки Роан и Григ од бракот со Крис Хенчи со кој е во брак од 2001 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag