Обично старите холивудски филмови ги поврзуваме со гламур и драма, но многумина немаат идеја за темната страна на златното доба на Холивуд.
BuzzFeed откри прилично вознемирувачки факти што малкумина ги знаат, што може засекогаш да го промени начинот на кој гледате филмови од тој период.
1. Во тоа време, актерките биле толку оптеретени од нивниот изглед што Џоан Крафорд ги извадила задните заби за да има поубава форма на вилицата.
2. Џоан, исто така, ставала борна киселина на очните капаци секоја недела за да ги задржи нејзините очи сјајот.
3. Кога децата актери не биле послушни на сетот, тие понекогаш биле испраќани во таканаречена „црна кутија“ каде ќе треба да седат на парче мраз за казна.
4. Во хитот на Хичкок „Птици” за актерката Типи Хедрен тие врзале живи птици, а исто така ги фрлале кон неа за да ја снимаат легендарната сцена во таванот. Кога го посети сетот, Кери Грант, наводно рекол: „Ти си најхрабрата жена што сум ја видел досега“.
5. Џин Кели во една прилика во текот на снимањето “Singin’ in the Rain” толку го извреѓал играњето на Деби Рејнолдс што таа се сокрила под клавир и плачела.
6. Одри Хепберн го одржуваше својот карактеристичен „елек изглед“, така што, по нанесувањето на маскарата, со игла се раздвојувала секоја посебна трепавица.
7. Во својата биографија, Џеки Купер откри дека не може да плаче во клучна сцена кога го снимале филмот “Скипи”, па режисерот (кој бил неговиот вујко) се заканувал дека ќе го убие неговото куче ако не плаче.
8. Договорите во тоа време имаа „морална клаузула“ што ги обврзуваше актерките да не се омажат и да имаат абортус. Таа клаузула беше во функција за „да ги спречи sвездите да ја уништат вредноста во скандалите“. Лана Тарнер, Џуди Гарланд и Џенет Мекдоналд, наводно, биле тајно абортирани а во јавноста биле во болница заради воспаление на слепото црево или инфекција на ушите.