На мажите им се дава женски хормони за борба против корона вирус!

popara28 април, 20201min00
eutanazija

АМЕРИКАНСКИ НАУЧНИЦИ СПРОВЕДУВААТ ИСТРАЖУВАЊА ЗА ДВЕ ГРУПИ НА ПАЦИЕНТИ – НА ЕДНИТЕ ДАВААТ ЕСТРОГЕН, А НА ДРУГИТЕ ПРОГЕСТЕРОН, БИДЕЈЌИ СЕ ПОКАЖАЛО ДЕКА ЖЕНИТЕ СЕ ПООТПОРНИ НА КОРОНА ВИРУСОТ ОТКОЛКУ МАЖИТЕ!

Можеби најголемата мистерија што ја донесе корона вирусот е статистиката потврдена во сите земји во светот: Мажите умираат повеќе од жените!

Постојат многу теории за ова, не се пронајдени докази, но хормоните имаат важната улога. Студиите покажаа дека естрогенот (примарниот женски хормон) ја зголемува јачината и чувствителноста на имуните клетки, така што е можно некои гени кои учествуваат во имунитет да бидат поактивни кај жените и многу помалку кај мажите.

koronavirus korona virus test

Ова не се однесува само на бројот на починати жени и мажи, туку и за состојбата на клиничката слика, која е генерално потешка кај машкиот пол, така што научниците сакаат да ја потврдат оваа хипотеза.

Минатата недела лекарите од Лонг Ајленд, од Њујорк, почнаа да им даваат на машките пациенти заболени од COVID-19 хормон естроген за да го „поправат“ имунолошкиот систем, додека кај друга група ќе се тестира другиот женски хормон, прогестерон. Ова ќе се случи во Лос Анџелес.

Дури 75% од сите пациенти на респираторни машини се мажи и потребно е што поскоро да се утврди дали естрогенот или прогестеронот можат да ја подобрат нивната состојба и да им дозволат полесно да се „борат“ со корона вирусот.

Забележано е дека бремените жени, кои имаат високи нивоа на естроген и прогестерон, исто така имаат благи симптоми на болеста, па заклучокот полека се наметнува …

Првата студија која вклучува давање на естроген ќе опфати 110 пациенти и е отворена за сите мажи, како и за сите жени над 55 години, бидејќи тие исто така имаат пониско ниво на овој хормон по менопаузата.

Втората група, која опфаќа 40 пациенти (сите мажи), беше решено да примаат две инјекции прогестерон во пет последователни дена.

Засега, истражувачите во Лос Анџелес веруваат повеќе во прогестерон отколку естроген, но истражувањата на крајот ќе обезбедат поефикасен одговор на здравјето на мажите, доколку ги има!

Она што е важно за сите пациенти е дека двата хормони се безбедни, особено затоа што тие ќе се користат многу кратко, а сите пациенти ќе бидат предупредени за несакани ефекти како што се чувствителност во градите или наливи на топлина кои не оставаат никакви последици!

Сепак многу велат дека мажите помалку водат хигиена од жените и ова е само причина плус!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag