“Животот во Лос Анџелес ми здосади, сакам да се преселам во Англија”, изјавила Анџелина во едно неодамнешно интервју. Најубавата актерка во Холивуд го споменала и Бред Пит, изјавувајќи дека за него не се грижи каде ќе живее тој.
“Во моментов морам да сум блиску до Бред додека децата не станат полнолетни, а потоа ќе видиме“.
Близок извор до Анџелина наведува дека таа сепак бара вила во Велика Британија која набрзо може да и стане дом.
“Анџелина се надева дека судот ќе пресуди во нејзина корист и дека ќе може да се пресели, без разлика што ќе каже Бред. Моментално бара вила во Лондон која ќе биде нејзино постојано живеалиште, а ќе купи недвижности и на друго место во Европа- Франција или Шпанија”, изјавил изворот.