Војната меѓу две холивудски sвезди, 51-годишната Џенифер Анистон и 45-годишната Анџелина Џоли, кои покрај нивната љубов кон истата професија, ја делат и онаа со 56-годишниот Бред Пит, со кого некогаш биле во брак. Сепак, најновите тврдења на магазинот NW, во кои се вели дека Анџелина решила да го заведе поранешниот сопруг на Џенифер, 48-годишниот Џастин Терукс, само за да се одмазди на, како што опишуваат, вечниот непријател, дополнително ќе придонесе за нетрпеливоста на двете актерки.
- Откако дозна дека Џнифер и Бред се помириле, мисијата на Анџелина била да спие со Џастин. Таа беше решена да го освои. Таа му испраќала разни понуди за улоги во филмови и се погрижила меѓусебните пријатели да му пренесат дека таа смета дека е премногу добар за Џенифер, изјави неименуван извор за споменатите медиуми, додавајќи дека Анџелина успеала во нејзиниот план.
- Џастин не можеше да одолее на Анџелина и наскоро се разви многу страсна врска меѓу нив, објаснил изворот за NW, заклучувајќи дека и Џенифер и Бред биле бесни кога дознале за тајната романса меѓу нивните поранешни сопружници. Сепак, и покрај тврдењата на американскиот таблоид, сè уште нема официјална потврда од нив, како и фотографии од папараци кои би ја потврдиле наводната романса.