Еден дел од оздравените коали кои биле повредени за време на големите пожари во Австралија се пуштени во дивината. Експертите сметаат дека на овој начин животните ќе можат да го одржат својот вид, Заради пожарите и сушата бројот на коали толку многу се намали, што веќе можат да се сметаат како ретки животни.
Коалите се лечеле во единствената болница во светот наменета за коали, сместена во Нов Јужен Велс.
Една од најпознатите излечени коали е женката Анвен, која станала многу популарна на социјалните мрежи. Таа имала дури 90% изгореници на телото. Била третиот пациент примен во болницата за коали во 2019 година, а сега се враќа во природа.
Вработените во болницата сериозно ги разгледувале возраста и полот на коалите, пред да ги ослободат во дивина. Идејата е да направат група која би можела да функционира добро во природа, да се размножува и да го одржува својот вид.
Граѓаните на Австралија, кои беа погодени од неколку природни катастрофи, а потоа од пандемија на коронавирус, сега конечно имаат малку добри вести.