Лавините, висинската болест, потресите и поплавите не се исклучоци туку правила кои го потврдуваат ризикот од патувење на местото каде ѕвездите имаат нестварен сјај, а пејзажот предизвикува стравопочитување…
Дивината на Киргистан, ги привлекува туристите од целиот свет кои одат во откривање на нови ремек-дела на природата. Едно од мистичните места кои предизвикуваат внимание е некогашното свратилиште на караваните кои се движеле по легендарниот пат на свилата – Tash Rabat, сместено на 3200 метри надморска височина, недалеку од кинеската граница.
Сликовитата градба која е втисната во долината на брдовитиот пејзаж некогаш служела како ноќевалиште и засолниште за патниците и нивните животни на кои не им било лесно да се движат низ негостопримливиот крај каде разбојниците не биле реткост. Оние кои стигнале до Tash Rabat го поминале опасниот премин Turugart и застанувале како би ја вратиле силата за следниот дел од патот кој води низ планината Tian Shan.
И денеска пристапот до Tash Rabata осум месеци годишно, го отежнува снегот кој ја блокира улицата од најблискиот град At-Bashi. Лавините, висинската болест, потресите и поплавите не се исклучоци туку правила кои го потврдуваат ризикот од патувењето. Со тоа на патниците не им се препорачува да се движат во обиколка без локален водич. Поради непредвидливите временски непогоди кампот со јурти во близина служи како засолниште поради кои никој несака таму да заврши непланирано.
Оние кои имаат одседнато во кампот велат дека локацијата е идеална за истражување на некогашниот пат на свилата на коњи кои можат да се изнајмат, но и вкусување на локалната храна која ја подготвуваат сопствениците. Нереално сјајното ѕвездено небо и мирот кој таму владее не можат да се опишат со зборови.
Локални извори кажуваат дека Tash Rabat, односно камената тврдина потекнува од 15 век, иако постојат податоци дека е уште постара, изградена на темелите на христијански манастир од 10 век.
Било како било, историчарите се сложуваат дека во еден момент Tash Rabat имал значајна политичка и трговска улога на патот на свилата бидејќи биле потребни многу работа и средства за неговата изградба.
Гостилницата од 15от век е обновена во советското време, но сеуште изгледа недовршено. Според легендата, причина за тоа се несогласувањата помеѓу таткото и синот кои го граделе Tash Rabat. Во моментот кога требало да ја дигнат куполата, синот се заљубил во девојка која се нашла на патот и одлучил да појде со неа, оставајќи го својот татко да се снаоѓа сам. Денес во градбата нема многу што да се види, освен мрачните и влажни ходници, бунарот и занданите кои ја заледуваат крвта во вените.