Кандидатот за претседател на САД, Џозеф Бајден, денес го оптужи претседателот Доналд Трамп, дека земјата ја претворил во “воено поле” и додаде дека ќе направи се за да ги “излечи расистичките рани”, доколку победи на изборите закажани за Ноември 2020та.
- “Трамп верува дека, поделбите коишто ги прави, ќе му помогнат да победи на претстојните избори. Не можеме да бидеме наивни. Би сакал да кажам дека омразата започна со Трамп и ќе исчезне заедно со него. Не сакам да разгорам нов жар на омраза, само сакам да ги излечам расистичките рани, кои ја загрозуваат нашата земја толку долго време, а не да ги користам за политички цели” – изјави Бајден.
Демократот Џозеф Бајден додаде дека е дојден решавачкиот момент во врска со институционалниот расизам и го повика Конгресот, да започне уште во Јуни, со вистински реформи во редовите на полицијата.