Бака Прасе сурово ги испрозива Ураганките: Не платиле доволно за реклами!

23 август, 2020
Annotation 2020-08-23 222125

– Тажна приказна, веќе не сме број еден на трендингот – вели Богдан на Инстаграм

Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, ги испрозва членовите на групата Hurricane, велејќи дека фактот што тие платиле за силни реклами е причината зошто биле број 1 во трендингот.

Јутјуберот го кажа ова во видео на Инстаграм.

– Тажна приказна, веќе не сме број еден на трендингот. Но, за жал, не платиле доволно за реклама во Хрватска, така што ние се уште сме број еден таму. И во Македонија, број еден! – рече Богдан.

– Наш ниеден преглед не беше платен. Браќата Хрвати сè уште не ме даваат – додаде Илиќ подоцна.

Да потсетиме, Богдан ја објави песната „Она, она“ на 16 август, а Hurricane песната „Фолиро“ на 18 август.

Патем, видеото на Илиќ во кое ги носи своите родители во луксузниот стан во кој живее, и привлече големо внимание на јавноста.

Во таа пригода, неговиот татко, свештеник, рече дека „никој нормален човек не може да живее таму“, а неговиот син Богдан се пошегувал од џакузито и го поканил да го крсти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma