Вилсон Рузвелт Џерман, еден од вработените во Белата Куќа со најдолг стаж, починал во својата 91 година од коронавирус.
Џерман Работел како батлер во Белата Куќа во текот на 11 мандати на американски претседатели, од Двајт Ајзенхауер до Барак Обама. Почнал да работи во 1957 година како чистач, потоа напреднувал како портир, па дури потоа станал батлер. Се пензионирал во 2012 година.
Неговата внука Џамила Гарет им раскажала на медиумите дека Џеки О. го унапредила во батлер. Исто така, напоменала дека дедо и имал посебен однос со семејството Буш.
– Кога стариот Буш станал претседател, Џорџ Буш помладиот имал проблеми со прилагодување во новата средина и не можел да спие. Дедо ми седел со него се додека тој не запиел- раскажала Гарет.
Џерман имал сопруга, пет деца, дванаесет внуци и осумнаесет правнуци.