Базен голем како океан: Освежување во 1 километар ширина и 3,5 метри длабочина!

popara30 мај, 20202min00
1

Вака изгледа вториот по големина базен во светот, кој се простира на околу осум хектари или дури 11 големи фудбалски игралишта.

Во хотелскиот комплекс во Чиле се наоѓа вториот по големина базен во светот, изграден од мултинационалната компанија Crystal Lagoons, која повеќе личи на океан отколку на базен.

Иако сè уште мислиме дека ниту еден базен не може да му конкурира на морето, пливањето во овој базен можеби ќе ви го смени мислењето. Имено, базенот на приватното одморалиште Сан Алфонсо де Мар, зафаќа површина од околу осум хектари и содржи вкупно 66 милиони галони на филтрирано море од Тихиот океан.

Тој беше соборен од престолот на најголемиот базен на светот во 2015 година од хотелот Citystars Sharm el Sheik од Египет, кој беше прогласен за најголем со површина од 12,5 хектари, а овие информации се наоѓаат и во Гинисовата книга на рекорди.

И покрај ова, Чилеанското водено чудо сè уште е многу посетено. Фактот дека нејзината максимална длабочина е 3,5 метри, исто така покажува дека вие слободно можете да пиливате во него, не само да се брчкате. Можете да нуркате во него, а постои можност за скијање на вода.

Но, од сите податоци, оној во однос на големината е далеку поимпресивен – базенот е голем како 6.000 стандардни базени. Посебниот шарм на целиот базен го дава нејзината тиркизна боја, а температурата на водата е 26 степени, па затоа е многу поудобно и побезбедно да пливате овде отколку во океанот.

Базенот се отвори во 2006 година, точно по пет години изградба, а за целиот проект беа потрошени меѓу 1,5 и 2 милијарди американски долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma