Бен Афлек ја крена врската со згоднaта Кубанка на повисоко ниво

popara27 мај, 20201min00
Насловна

Се чини дека Бен Афлек ја однесе својата романса со Ана де Армас на ново ниво, откако ја запозна со своите деца.

Тие беа забележани на почетокот од оваа недела одејќи со децата на Бен – Виолет, Серафин и Самуел – од неговиот брак со актерката Xенифер Гарнер.

Сите носеа маски додека одеа со своите кучиња околу Брентвуд. Бен и Ана не ја кријат својата врска во последно време откако ја објавија на Инстаграм на почетокот на овој месец.

Ана е кубанско-шпанска актерка, родена на 30 април 1988 година во Хавана, Куба – што значи дека таа само го прослави својот 32-ти роденден. Актерската кариера ја започна во шпански филмови кога се пресели во Мадрид на 18-годишна возраст. Уште во 2014 година, таа замина во Лос Анџелес во желба да го „освои“ Холивуд.

Нејзината најзабележителна улога беше во филмот „Блејд ранер 2049“ во 2017 година, во кој ја глумеше холографската девојка АИ Џои, ликот на Рајан Гослинг – додека таа самата ја освои номинацијата „Златен глобус“ за нејзината улога во филмот „Нож во грб“ 2019 година, како имигрантска медицинска сестра, Марта Кабрера.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag