Нека ве води вашата имагинација
Дури и ако не можете да одите на море оваа година, тоа не значи дека вашиот сексуален живот мора да биде вообичаен.
Со малку фантазија, летното водење љубов с може да стане уште пожешко.
Па, ако имате храброст, испробајте неколку предлози од д-р Глорија Брам.
Вода
Нема море? Без разлика, најдете скриено езерце или приватен базен. Остатокот зависи од вас, без разлика дали ќе застанете во предигра, или ќе имате „акција“ во водата. На крајот на краиштата, имате можност да исполните една од најчестите фантазии…
Фрлете ги гаќичките
Излезете без гаќички. Ќе се чувствувате многу посекси, а партнерот ќе го возбудите уште повеќе. Само фатете го за рака под масата и покажете му што НЕ носите за вечера.
Бикини врзување
Сега е време за секс играчка за која веројатно не сте чуле претходно – користете го бикинито за да му ги врзете рацете или нозете. Сигурно ќе го излудите, а тој гарантирано нема даго гледа повеќе вашиот костим за капење на ист начин.
Пеперминт
Бонбоните од ментол не се само за освежување на здивот. О, не Земете пеперминт пред орален секс, а остатоците од ментолот ќе му дадат на партнерот неочекувано задоволство.