Близнаци родени среде пандемија добија имиња Корона и Ковид

popara3 април, 20201min00
бебинја

Иако пандемијата на коронавирус не донесе ништо убаво, млади родители од Раипур, централна Индија одлучиле своите близнаци родени за време на пандемијата да ги крстат Корона и Ковид.

Мајката Прети Верма (27) открила дека имињата се одбрани за да ги потсетуваат на тешките околности во кои добиле две здрави деца. Но додала дека сепак, можно е да ја променат одлуката.

“Благословена сум со близнаци, девојче и момче кои ги родив утрото на 27 март. Засега ги нарекуваме Корона и Ковид . Ги родив во тешки околности, па со сопругот сакавме да остане запаметен денот на нивното раѓање. Кога и медицинскиот персонал почна така да ги вика,одлучивме да ги крстиме по пандемијата”, изјавила Прети. 

Опишала и со што сè морала да се справува, од моментот кога доцна вечерта и почнале болките, до моментот кога се родиле бебињата.

“Доцна навечер ми почнаа болките, изненадувачки. Не знам како мојот сопруг успеа да се снајде за да дојде брзата помош кај нас. Заради изолацијата забранет е сообраќај и неколку пати не застана полиција, но не пуштаа да продолжиме заради мојата состојба. Не знаев со што ќе се соочиме во болница со оглед на тоа што беше веќе полноќ , но докторите и сестрите многу ни излегоа во пресрет”,раскажала мајката.

Менаџментот на болницата за медиумите открил дека мајката и бебињата се чувствуваат добро и дека веќе се пуштени дома.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag