Блудната чесна сестра! Ги палела мажите и тајно им раѓала деца, учествувала во убиства, ги мачела…

popara11 август, 20201min00
сестра

Вирџинија Марија била италијанска калуѓерка, но прилично необична и за тоа и за ова време. За време на монашкиот живот учествувала во неколку скандали, меѓу кои љубовни афери, две породувања и соучество во тешко убиство.

Сестра Марија е родена во 1575 година како Маријана де Лејва, а во монаштво отишла кога имала 13 години по наредба на богатиот татко. Многу брзо почнала да води живот како калуѓерка, а се до раните дваесетти години имала задача да ги подучува помладите девојчиња за верата и правилниот живот. Сепак, тешко е да се избега од сопствената нарав, а многу работи и се промениле кога го запознала младиот и богат благородник Џан Паоло Осио. Осио уште во тинејџерските години стекнал репутација на љубовник, а се ширеле гласини и дека учествувал во неколку убиства. Сепак, и да слушнала за ова, Марија не била многу загрижена. Била очајно заљубена.

Парот тајно се состанувал, но нивните состаноци не поминале незабележано. Монахињите знаеле за гревот на Вирџинија Марија, но не направиле ништо за да ја вратат на патот на верата. Всушност, многу од нив и помагале полесно да се состанува со љубовникот.

Во 1602 година Марија се породила за прв пат,но на свет донела мртвородено бебе. Веќе наредната година таа родила здраво девојче. Осио ја признал како своја законска ќерка и ја зел во својот дом.

Во 1606 година една од сестрите се заканила дека ќе каже се што се случувало во животот на Вирџинија Марија, па Осио ја убил. Наводно убиството го помогнале и другите сестри , а Вирџинија Марија била соучесничка.

Така парот почнал да живее во страв и закани.

Гласините се рашириле, па гувернерот на Милано наредил да се уапси Осио. Младиот Осио се дал во бегство и во отсуство е осуден на смртна казна. Никој оттогаш не го видел. Тогаш Вирџинија Марија била донесена пред суд, каде се бранела со губење на здравиот разум и влијание на хормоните.

Таа била осудена на страшна казна- 13 години била заѕидана во една просторија на манастирот. Низ еден отвор сестрите и давале храна и вода, а целото останато време Марија требала да го помине во молење и каење.

Сестра Вирџинија ја издржала казната. Остатокот од животот го поминала скромно, покажувајќи голема посветеност на верата. Умрела на 75 годишна возраст.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag