Болките во грбот престануваат во истиот момент: 4 лесни вежби кои го спречуваат искривувањето на рбетот

popara3 јуни, 20201min00
imageedit_105_4327590117

Болката е првиот сигнал дека ‘рбетот почнал да трпи последици од модерниот начин на живот. Поради седечкиот начин на живот и секојдневната работа зад компјутер, болките во грбот за многумина се секојдневие. Многу седиме, малку се движиме и несвесно го кривиме рбетот гледајќи во екранот. Немојте да ја игнорирате болката, ако на време не реагирате подоцна ќе биде тешко да се излечи.

Ви предлагаме сет од вежби кои моментално ќе ве ослободат од болките во грбот. Освен ослободувањето од болката, вежбите се одличнни затоа што се лесни, скоро статични а имаат голем ефект.

Звезда

Оваа вежба ќе ве ослободи од болката во грбот и ќе ви помогне да се опуштите после напорен работен ден. Се што треба да сторите е да легнете на подот, да ги раширите рацете и нозете за телото да добие форма на звезда и да останете неподвижни во таа положба. Потоа рацете прфрлете ги на лева а нозете на десна страна. Вратете се на почетната положба и променете ги страните. Сите движења правете ги полека и опуштено.

Лежечки камен

Уште една супер вежба за мрзеливи луѓе. Легнете на подот а стопалата подигнете ги на столче. Останете така додека мускулите на грбот ви се одмараат, а циркулацијата на крвта се враќа во нормала.

Флексибилна змија

Легнете на стомак, опуштете го телото, апотоа подигнете го горниот дел од телото потпирајќи се на рацете колку што можете. Треба да почуствувате истегнување на мускулите, но не претерувајте ниту пак до дозволите да почуствувате болка.

Ембрион

Легнете на подот свиткани како фетус, на грб, свиткајте ги нозете во колената и повлечете ги со рацете кон градите. Задржете 30 до 60 секунди.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag