Бритни Спирс имаше многу продуктивна недела во карантин!
Поп иконата постави нов светски рекорд за спринт. Во веќе избришаниот пост на Инстаграм, 38-годишната тврди дека истрча 100 метри за само 5,97 секунди, што е побрзо од сегашниот Светски рекорд на Усаин Болт за 100 метри кој тоа го направи за 9,58 секунди.
Покрај скриншот на екранот на iPhone, стоперица на која има означено 5,97 секунди, таа напиша:
„Ги истрчав моите први 5 !!!! Надминувањето на стравот на самиот старт е клучно. Кога конечно ова го надминав, повторив пет пати“.
Додека многу обожаватели и честитаа, други истакнаа дека Бритни комплетно го уништила претходниот светски рекорд за 100 метри, поставен од Болт во Германија, во 2009 година.
Изненадувачки, не многу корисници на социјални медиуми се сомневаа дека ова е една голема измама. Сепак девојката работи како професионалец 🙂
Но, за жал, фантазијата Бритни да се приклучи на тимот на „Track & Field“ од САД за одложените Олимписки игри во 2020 година беше уништена од неа самата.
Пејачката на Инстаграм за кратко време објави симпатично видео“ од модна ревија и рече дека „очигледно“ се шегува дека го срушила Светскиот рекорд во спринт и притоа додаде:
„p.s… очигледно се шегував за трчање на 100 метри во 5,97 секунди … Светскиот рекорд го држи Усаин Болт кој е 9,58 секунди.., но подобро верувајте дека доаѓам за Светскиот рекорд ? !!!! #joking #workbitch ”
Хм дали верувате дека тоа беше шега? Со снимката на екранот, времето и сè? Или сега таа сака само да се извади?
Инста-комедијата на Бритни доаѓа неколку недели откако таа ги обвини критичарите на интернет дека ја малтретираат за постојано објавување слики од истата фотосесија. Покрај сликата одеше и овој текст, „Никој не ве следи толку, како луѓето што не можат да ве поднесат “.
„Прочитав многу работи на интернет, од луѓе кои ги критикуваат моите постови.., велејќи дека објавувам исти 15 слики, со иста црвена позадина и носам иста бела облека за капење. За мене навистина се возбудувам од моите постови…. и сакам да ги споделам со сите вас !!!! Никогаш не сум поседувала бел костум за капење и едноставно ми се допадна црвената позадина !!!! Читањето на сите смислени коментари навистина ми ги повредува чувствата.., и сакав да споделам затоа што навистина не треба да ги кажуваш сите овие работи на некој што не го ни знаеш.… Ова се е малтретирање на некој навистина !!!!!! Тешките времиња во кои живееме во моментот, навистина треба да нè научат да бидеме добри едни на други… Мислам дека е важно да се видат работи што носат среќа за време на тешките периоди и да се направи светла точка од некоја ситуација која понекогаш може да им помогне на луѓето !!!! Ве сакам сите …. останете безбедни… и бидите добри!!!!! “
Едно е сигурно: неодамнешната Инста содржина на Бритни ни носи на СИТЕ среќа во овие денови!