Елсворт Верхам никогаш не бил болен во текот на животот и тоа како што тврди, благодарение на само еден пијалок доживеал длабока старост.
Верхам бил кардиолог и починал на 104-годишна возраст. До последниот ден, тој бил активен и витален, никогаш не користел бастум и секојдневно работел во градината. Тој изјавил дека тоа е најдобрата вежба.
Тајната на неговата долговечност лежи во само еден пијалок, а тоа е сурутка. Колку е моќен овој пијалок покажува фактот дека тој не е единствениот човек што доживеал сто години, и се колне во нејзината моќ.
Томас Пар и најстарата жена во светот, која живеела до 122 година, исто така го пиела овој пијалок.
Сурутка е напиток кој се произведува при производство на сирење и јогурт, и во неа остануваат најдобрите и највредните состојки од млекото: витамини Б и Е, минерали и млечни шеќери кои се важни за градење на најдобрите врски во мозокот.
Протеинот од сурутка ги стимулира функциите на имунолошкиот систем, помага во градењето на мускулите, ги регенерира желудникот и црниот дроб и овозможува непречена функција на цревата.
За да го извлечете најдоброто од овој пијалок, експертите советуваат да пиете максимум половина до литар сурутка на ден. Најдобро е да се консумира козја сурутка, затоа што има повеќе придобивки за организмот отколку кравјата сурутката.
Сурутката влијае на речиси сите делови од телото, па затоа не нѐ изненадува што се нарекува и еликсир на младоста:
Помага при губење на тежината – 100 мл сурутка има само 26 калории, содржи грст протеини и затоа дава чувство на ситост, а има малку маснотии и калории.
Помага за „мрзливи црева“ – Сурутката има диуретични својства, што значи дека брзо ќе го стимулира варењето на храната и ќе го реши непријатното чувство на запек и надуеност. Не претерувајте со оваа намирница бидејќи може да предизвика дијареја. Дневно консумирајте еден литар максимум.
Лек на црниот дроб – Овој скромен пијалок содржи бета-лактогобулин кој го снабдува организмот со аминокиселини БЦАА, кои помагаат при напредни заболувања на црниот дроб. Може да ги обнови своите клетки, и многу добро знаеме колку е важно здравјето на црниот дроб за правилно функционирање на целиот организам.
Гради мускули – Сурутка, особено сурутка во прав помага да се изгради мускулна маса, но и да се обноват мускулите по физичкиот напор.
Регулира високи маснотии во крвта – Се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со масноти во крвта, масно ткиво. По само неколку недели редовно консумирање, ќе видите неверојатни ефекти.
Стимулира среќа и го намалува заморот – Сурутката го стимулира лачењето на серотонин, хормонот на среќата и со тоа го намалува чувството на стрес и хроничен замор.