Чекор поблиску до лекот за карцином на дојка: Го намалува ризикот од повторување за 100 проценти!

12 декември, 2020
rak

Фармацевтската компанија „Гринич Лајфсјанс“ со седиште во Тексас објави оптимистички вести на симпозиумот за рак на дојка во Сан Антонио.

Имено, експерименталната имунотерапија GP2 покажа дека во период од 5 години може да спречи враќање на карцином на дојка кај пациенти кои веќе биле оперирани!

Податоците, презентирани на Интернет од директорот на компанијата Снехал Пател, претставуваат петгодишни истражувачки резултати кои покажуваат дека лекот успешно спречува враќање на рак на дојка кај пациенти кои претходно имале операција, хемотерапија и зрачење.

Податоците го поддржуваат почетокот на третата фаза на клинички испитувања во 2021 година. Ракот на дојка се враќа кај една од осум жени, а приближно 50 проценти од жените не реагираат на терапија што резултира со метастази и лоша прогноза. Нашата терапија може да го реши овој проблем и потенцијално да ја надмине пазарната вредност од 5 милијарди долари! – истакна Пател.

Првите шест интрадермални инјекции на терапија со GP2-GM-CSF секако предизвикуваат силен имунолошки одговор и ја намалуваат стапката на повторување на 0 проценти кај пациенти дури и во третата фаза кои претходно биле подложени на операција. Исто така, се покажа дека GP2 е ефикасен во комбинација со конвенционална терапија со карцином на дојка.

По објавувањето информации за потенцијален лек против рак на дојка, акциите на Гринич Лајфсјанс скокнаа 998 проценти!

escort - Korsan taksi