Пролет е во Јапонија, и дали има подобар начин за одбележување на една сезона отколку со рушење на Гинисовиот рекорд за најголемото дерво-цреша од коцките на Лего?
Овој успешен обид беше постигнат во Леголанд, Јапонија – тематски парк со седиште во Нагоја, кој сакаше да ја прослави својата прва годишнина со создавање на јапонско дело користејќи лего коцки.
Резултатот е прекрасна пластична сакура дрво 4,38 метри и широко 4,93 метри – а користени се повеќе од 800.000 коцки.
Торбен Јенсен, претседател на Леголанд во Јапонија, не само што е воодушевен што има нов убав објект во паркот, туку и да го сруши светскиот рекорд.
Дрвото е дизајнирано и изработено од тим од Чешка.
После повеќе од 6.700 часови тешка работа, Лего дрвото беше транспортирано во Јапонија за финална монтажа.
На дрвото има и комплет фенери, исто така од Лего, кои се осветлени во текот на вечерта.