Дали Џенифер Лопез јасно потфрли со изборот на хеланки? Нешто друго го привлече вниманието на фотографиите

28 декември, 2020
profimedia-0575019911-1-830x0

Две изданија на латино дивата за 24 часа за кои се зборува многу

Американската пејачка Џенифер Лопез (51) и нејзиниот вереник Алекс Родригез (45) беа фотографирани по нејзината музичка и танцувачка проба во Њу Јорк, а обожавателите велат дека по тој повод изгледала како да се вратила на почетокот на 2000-тите.

Имено, Џенифер вежба изведба за Нова Година која ќе ја изведува во Њу Јорк, а по тој повод беше фотографирана во беж луксузно крзнено палто, сива тренерка и канаѓанки – стил што често го носеше пред околу 20 години.

Нејзината коса беше пуштена и исчешлана, исправена, додека на очите имаше очила за сонце во портокалово-жолта боја, а на лицето имаше црна маска со златни светки.

Нејзиниот вереник Алекс е сликан на слично издание. Носеше карирано палто, фармерки и сиви канаѓанки. Под палтото носеше сив џемпер под кој носеше бела кошула. Тој носеше црна заштитна маска и одеше зад Џенифер, а двајцата не се разделија за време на пандемијата на корона вирусот.

Но, помалку од 24 часа пред ова издание, Џенифер и Алекс беа фотографирани откако ја напуштија салата каде вежбаат секој ден.

По тој повод, латино sвездата носеше црни хеланки, кои се чини дека се доста проблематични.

Освен што се малку проѕирни, се чини дека се прилично погрешен избор за облините на Лопез, па покажаа малку целулит, додека нејзиниот задник има исклучително необична форма.

Но, во очи не паднаа само хеланките на овие фотографии, туку и „висината“ на Џеј Ло. Со влегувањето во нејзиниот скап автомобил, кој е прилично низок, можеше да се види колку пејачката всушност е ниска. Во бројки, тоа е околу 163,8 сантиметри.

Иако се шпекулираше дека латино-дивата размислува дали воопшто сака да стапне на лудиот камен, светските медиуми сега пишуваат дека следниот чекор на оваа двојка е бебе. Како што пишува таблоидот „ Heat “, гулабите, сметајќи дека нивната венчавка е одложена, решија да го искористат тоа време најдобро што можат и да работат на принова.

– Тие ќе закажат нов датум кога работите ќе се смират малку – рече изворот и додаде дека, и покрај фактот дека нема да отидат толку брзо на олтарот, тие се сигурни дека сакаат да го поминат остатокот од животот еден покрај друг.

– Децата се она за што разговараа кога ја започнаа врската – рече изворот и додаде дека сега е вистинското време за тоа.

Инаку, Џеј Ло минатата година во едно интервју изјави дека би сакала да има повеќе деца.

„Не знам што има во Божјиот план, но би сакала да го пробам“, рече таа тогаш.

Да потсетиме, Џеј Ло зад себе има три неуспешни брака, а од претходниот со Марк Ентони, има ќерка и син. Нејзиниот иден сопруг Алекс Родригез од бракот со Синтија Куртис има две деца.