Дали е ова совршено место за живеење? Облакодер од 300 ката во нереален шумски град

popara6 мај, 20202min00
Naslovna

Град шума е замислена како идеално место за живеење. Вертикалниот град на иднината е идеја на италијанското студио Luca Curci Architects, кој користи вештачка интелигенција за да обезбеди оптимални услови за живот на релативно мала област, и може да се прилагоди на различни локации.

Град шума се состои од четири меѓусебно поврзани облакодери, од кои највисокиот е дури 300 спрата и се искачува на височина од 1200 метри. На секое ниво на Линк (зградата), постојат зелени зони кои го намалуваат нивото на јаглерод диоксид во воздухот и ја зголемуваат биолошката разновидност во урбаната средина.

Luca Curci Archiitects тврдат дека Линк ќе може да ја регулира температурата на градот, количината на влажност на воздухот и достапната светлина, додека целата енергија ќе се снабдува преку соларни панели и други обновливи извори. Неговите жители ќе имаат пристап до почист воздух, поквалитетна храна и генерално поздрав начин на живот.

Дури 200,000 луѓе можат да живеат во Линк. Главната цел на овој проект за самоодржливост е да се соберат нови технологии за решавање на проблемот со густината на урбаното население на еколошки начин.

Погледнете го изгледот на Линк во нашата галерија за фотографии.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag