Милан Поповиќ, поранешниот партнер на Северина Којиќ, по приказната објави дека пејачката не плаќа алиментација за нејзиниот син Александар и дека тој покренал тужба против неа.
Милан рече дека тоа не е вистина, ниту пак дека со него контактирале нејзините адвокати поради наводно тешката финансиска состојба во која се наоѓа пејачката.
„Не е точно дека поднесов тужба против Северина Којиќ за неплаќање алиментација, ниту е точно дека нејзините адвокати ме контактирале и ме известиле дека Северина Којиќ не плаќала алиментација поради тешката ситуација“, рече Поповиќ ставајќи крај на шпекулациите.