Едно од најактуелните прашања овие денови е дали високите температури кои следат ќе успеат да го уништат вирусот? Најновите истражувања покажале дека зголемените температури нема да го намалат пренесувањето на коронавирусот.
Тим научници од САД и Канада дошле до сознание дека ширењето на вирусот е намалено за 1,5 проценти откако надворешната температура достигнала 25 степени.
За жал, научниците не откриле никаква врска помеѓу температурата и брзината на растот на инфекцијата.
Тие сметаат дека болеста нема да исчезне во текот на летото и важно е луѓето да го знаат тоа. Иако високите температури во одредена мера го намалуваат преносот на вирусот, пандемијата нема да биде елиминирана за време на летото.