Дали пиете црвено вино? Тоа може да Ви го спаси животот!

5 август, 20200
21472836245f29428c6bf1d561921153_v4 big

Според американската студија од Универзитетот во Мисури, црвеното вино помага да се заштитите од штетните бактерии како што се Ешерихија коли и Листерија. Во исто време, тоа ги уништува и ги спречува да се размножуваат.

Од сите вина „Каберне“, „Мерлот“ и „Пино Ноар“ се покажаа како најефикасни, вели професор д-р Азлин Мустафа, лидер на стручниот тим на истражувачи.

Состојките во лушпата од грозјето му помагаат на растението да се одбрани од разни болести, а кога ќе стигнат до виното, тие ги штитат луѓето од бактериите на ист начин. Ефектот е ист дури и кога се разредува, пишува порталот „Thing of Taste“.

Сепак, не треба да се претерува. Жените доволно е да пијат една чаша црвено вино на ден, а мажите по две – истакнува д-р Мустафа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *