И старите билкари и Шекспир тврделе дека мирисот на рузмарин ја подобрува меморијата. Научниците докажаа дека биле во право. Ако го вдишите мирисот на ова лековито растение, можете да ја зголемите вашата меморија за 75 проценти.
Студиите на британскиот универзитет Northumbria покажаа дека есенцијалното масло од рузмарин помага во зајакнување на долгорочната меморија и концентрација. Ова може да им помогне на оние кои забораваат да пијат лекови или оние кои забораваат на важни годишнини.
Серија тестови покажаа дека есенцијалното масло од рузмарин ги зголемува шансите за дури 75 проценти од запомнувањето на некоја задача во споредба со луѓето кои не биле изложени на тој мирис.
Истражувачкиот лидер др. Марк Мос рече: „И, нашите претходни истражувања покажаа дека аромата на рузмарин ја подобрува долгорочната меморија и менталните способности. Овој пат се фокусиравме на способноста на мозокот да запомни некои закажани состаноци во одредено време. Ова е клучно за секојдневното функционирање, на пример кога некој треба да пие лекови или да испрати честитка“.
Неколку капки есенцијално масло од рузмарин беа испрскани во просторијата за тестирање само пет минути пред волонтерите да влезат во собата. Додека оние што беа изложени на мирисот на рузмарин се сетија да направат седум задачи, другите на само четири и тоа многу побавно. Во современата хербална медицина, рузмаринот се користи и како благ аналгетик, против мигрена и дигестивни проблеми.